Фолк пејачката Татјана Лазаревска е прогласена за најпопуларна пејачка за 2010 година во Битола. Ова признание и го додели битолската телевизија Орбис, која традиционално ова време ѓи доделува годишните награди по избор на нивните гледачи. На изненадување на Татјана, која во саботата имаше роденден, организаторот покрај оскарот и уметничката слика и донеле роденденска торта.
-Навистина ме изненадија. Знаев дека ќе добијам ваква награда бидејки битолчани навистина беа воодушевени од мојот успешен јубилеен концерт, кој им го посветив токму нив. Секагаш кога настапувам во Битола, јас си поминувам убаво, рече Татјана.
Меѓу друготот на манифестацијата најпопуларни за 2010 награда добиле и многу други познати фаци како градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, фестивалот "Браќа манаки", мистерот за одбрана, Зоран Коњановски, но и политичари, како што се претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски.
Татјана, пак, по манифестацијата веднаш се вратила за Скопје, каде во саботата вечера со интимна журка го прославила 36тиот роденден, на која меѓу другите присуствувале и нејзините колешки Ирена Спасовска и Зуица Лазова.
(В.М.)
Вест, 14.02.2011
|