Македонската фолк-елита со песна ја одбележа 25-годишнината од фолк-фестивалот "Валандово", која се одржа во Струмица во хотелот "Студио ин". Сузана Спасовска, Блага Петреска, Момо Николовски, Виолета Томовска, Зуица Лазова, Наум Петрески, Нино Величковски, Благица Калева, Ленче и Горан Кукиќ, Ефто Пупиновски, Анета Наковска, Мишко Крстевски, Сузана Гавазова, Росана и Горан Тодоровски, Ирена Спасовска... се фатија за микрофонот да ги отпеат најслушаните хитови и победнички песни од сите изданија на фолк-фест "Валандово". На видеобим се емитуваа и песните кои ги отпеа пејачите кои повеќе не се меѓу живите - Петранка Костадинова, Кирчо Поп Лазаров, Пепи Бафтировски, Гоце Николовки. Признанија добија Блага Петреска, Огнен Неделковски, Миле Барбаровски, Ѓорги Исиров и други уметници и помагатели на фестивалот. Имаше и незадоволни, Виолета Томовска изрази јавно незадоволство зашто плакети не добиле сите пејачи, а доби поддршка и од колегите кои си заминаа од свеченоста со празни раце. Сепак пејачите добија ветување од организаторите дека на следниот јубилеј грешката ќе биде исправена.
Вечер, 03,11,2009
(А. Ѓ.)
|