Најстариот македонски фестивал на народни и новокомпонирани песни,"Валандово", сребрениот јубилеј, 25 години постоење го одбележа во Струмица.
Триесетина пејачи кои учествувале на Фестивалот ги потсетија присутните во ресторанот "Студио Ин" на наградените песни но и песни кои и до ден денес се пејат. По повод јубилејот беше издадена и аудиомонографија преку комплет од 6 цедиња со над 100 песни во продукција на "Мистер компани". Организаторот на фестивалот на повеќе композитори, текстописци, медиуми и спонзори додели признанија за посебен придонес за развојот на фестивалот. На ова реагираше Виолета Томовска која изјави дека и пејачите се заслужни за развојот на фестивалот во изминативе 25 години.
Вест, 03,11,2009
(В.Т.)
|