10/20/2017  
 посетител бр.:
 
МУЛТИМЕДИЈА
КОМПЈУТЕРИ И КОМПЈУТЕРСКИ ДОДАТОЦИ
ПРИКЛУЧОЦИ И КАБЛИ
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ДОДАТОЦИ
КОМПАКТ ДИСКОВИ
ДВД ВИДЕО
ИГРИ, СОФТВЕР И ДОДАТОЦИ
МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДОДАТОЦИ
 
 
2/14/2011  
Татјана Лазаревска нај пејачка во Битола
11/3/2009  
ОДБЕЛЕЖАН 25-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ - Валандовски мераци
11/3/2009  
Фолк фест Валандово го прослави сребрениот јубилеј


Најголем избор на ЦД и ДВД во Република Македонија.

МИСТЕР КОМПАНИ, ГТЦ I кат, Скопје



УСЛОВИ

УСЛОВИ

Наша цел е да Ви ја направиме достапна, пред се македонската музика каде и да сте или да ги изненадите Вашите најблиски со пригоден избор на музика, филм или цртан филм.
Ве покануваме да ги разгледате нашите услови за соработка. Доколку ви требаат подетални податоци ве молиме контактирајте не.

ПРИВАТНОСТ

Податоците кои ги доставувате до мистер.цом.мк ги сметаме за ваши приватни и тајни. Во ниеден случај тие нема да бидат споделени со други лица или фирми. Тие ги вклучуваат вашите лични генералии, адресата, телефонскиот број и податоците електронската адреса, податоците од вашата кредитна картичка и податоците на примачот.
Со цел да се зголеми сигурноста на нарачките, во нашиот информационен систем НЕ се чуваат податоци од вашите кредитни картички. Процесирањето на вашите нарачки се врши
преку сигурен информационен систем на нашиот партнер 2checkout.com, специјализирана компанија за управување со електронски трансакции.
Копија на вашата нарачка НЕ се чува во нашиот веб сервер.
Податоците внесени од ваша страна се чуваат единствено во насока на процесирање на вашата нарачка.
Не ги користиме вашите податоци за наши понатамошни деловни активности.
НЕМА да ви праќаме периодични информативни електронски пораки, освен ако тоа Вие не го побарате од нас.
Кога ќе ја направите вашата нарачка ќе добиете две електронски пораки. Првата е потврда дека вашата нарачка е прифатена и се обработува, а втората е потврда дека вашата нарачка е испратена до Вас или личноста која сакате да ја изненадите.


СИГУРНОСТ

Наша цврста одредба е да НЕ чуваме било какви доверливи податоци од кредитните картички во нашите информациони системи. Сите податоци треба повторно да се внесуваат секогаш кога нарачувате.
Процесирањето на нарачки го врши 2checkout.com Inc., Оhајо, САД

Веб страницата на кои се внесуваат доверливите податоци од кредитните картички се заштитени со најнова ССЛ енкрипциска технологија обезбедена од лидерот во е-комерц сигурносни технологии, Thawte.
Ако имате дополнителни прашања или грижи околу сигурноста на нашиот веб сајт ве молиме контактирајте не.


ЗАМЕНА

Не се врши замена на веќе купените производи, односно може да се заменат доколку истите не се исправни и доколку тоа не било предизвикано од Ваша страна.

ГАРАНЦИЈА

Сите производи кои ви ги нудиме се оригинални.
Целта ни е нашите купувачи да бидат целосно задоволни од нашата услуга и од нашите производи.

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ

Можете да платите со кредитна картичка. Во моментов прифаќаме Visa, MasterCard, Discover, American Express, Diners, JCB и дебитни картички со Visa и MasterCard лого.
Купувањето на нашиот веб сајт е безбедно. Тајноста на вашите информации е обезбедена.

Уживајте во купувањето на нашата музика!

 
        Copyright © 2006 Mister Company