11/27/2020  
 посетител бр.:
 
МУЛТИМЕДИЈА
КОМПЈУТЕРИ И КОМПЈУТЕРСКИ ДОДАТОЦИ
ПРИКЛУЧОЦИ И КАБЛИ
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ДОДАТОЦИ
КОМПАКТ ДИСКОВИ
ДВД ВИДЕО
ИГРИ, СОФТВЕР И ДОДАТОЦИ
МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДОДАТОЦИ
 
 
2/14/2011  
Татјана Лазаревска нај пејачка во Битола
11/3/2009  
ОДБЕЛЕЖАН 25-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ - Валандовски мераци
11/3/2009  
Фолк фест Валандово го прослави сребрениот јубилеј


Најголем избор на ЦД и ДВД во Република Македонија.

МИСТЕР КОМПАНИ, ГТЦ I кат, Скопје



ИЗВЕДУВАЧ

АКУД - МИРЧЕ АЦЕВ

Биографија:

Академското културно-уметничко друштво “Мирче Ацев” е основано во
почетокот на учебната 1949-50 година со одлука на Универзитетскиот
одбор на студентската младина на Македонија.
Активноста на Друштвото се одвивала преку: музичката, драмската,
хорската, фолклорната, литературната, рецитаторската и техничката
секција. Првиот јавен настап, првите чекори на сцената, членовите на
Друштвото ги направија во преполната сала на основното училиште
“Гоце Делчев” на 29 ноември 1949 година.
Целта за основањето на Друштвото била со скромна задача да им
овозможи на младинците пред се од универзитетската средина да ги
негуваат и развиваат афинитетите кон уметноста и да ги презентираат
своите постигнувања во универзитетските средини. Но, очекувањата
за многу кратко време биле надминати зошто секциите на Друштвото
набрзо со своите програми успеале да изведуваат самостојно
целовечерни концерти најпрво во рамките на Универзитетот, за да
подоцна манифестациите, прославите и јубилеите кои се одбележуваа
во градот Скопје и во Република Македонија не можеа да се замислат
без учество на АКУД “Мирче Ацев”.
Првите гостувања на секциите надвор од границите на нашата земја
беа прилика за афирмација на културното наследство и уметничките
достигнувања, но и потстрек за уште поголема самопрегорна работа.
Голем број на настапи, концерти и фестивали се реализирани во
рамките на меѓууниверзитетската соработка што АКУД “Мирче Ацев”
со големо задоволство ја реализира започнувајќи со средбите со
студентите од другите културно-уметнички друштва од Белград,
Загреб, Подгорица, Сараево, Љубљана (во рамките на тогашна
Југославија) да подоцна оствари многу богата соработка со студентите
од универзитетските центри од цела Европа.
Најголемиот акцент и најголемиот предизвик и задоволство на
членовите на Друштвото е учеството на меѓународни натпреварувачки
фестивали на кои во најголем дел секциите на Друштвото ги освојувале
врвните награди.

Да спонеме дел од нив:
- Академски хор:
- Прва награда Ланголлен - Англија 1962
- Четврта награда - Хорски фестивал во Арецо - Италија 1963
- Учество на Меѓународниот студентски фестивал во Њу Јорк - 1965
- Трета награда - Хорски фестивал во Корк - Ирска - 1973
- Серија на концерти во Франција, Полска, Англија, Италија, Бугарија,
Унгарија, Романија, Холандија и други земји.
- Трета и четврта награда на фестивалот во Мидлсбру - Англија -1982
- Прва награда - Мидлсбру – Англија -1984
- Учество на Меѓународниот хорски фестивал во Линденхолцхаузен -
"Хармоние" 1987 и други.
- Две сребрени дипломи на фестивалот во Будимпешта - 1997
- Академскиот хор имаше одлични настапи на Универзитетскиот хорски
фестивал во Познањ-Полска во 2001 год.
- Во 2002 година беше учесник на Првиот меѓународен хорски фестивал во
Рандерс - Данска.
- Во 2003 година Академскиот хор учествуваше на Меѓународниот хорски
Фестивал во Нојшател - Швајцарија.
- На ХАРМОНИ фестивалот во Линденхолцхаузен-Германија во мај 2005 година
хорот освои две сребрени дипломи.
- Во 2006 Академскиот хор учествуваше на Првиот меѓународен мини европски
фестивал во Солун - Грција во рамките на големиот фестивал на
Универзитетот “Аристотел” и учество на Меѓународниот хорски фестивал
во Ниш - Србија, ( ревијален фестивал, но нашиот хор освои диплома за
најдобар хор кој изведува фолклорна програма).
Програмата на хорот се состои од композиции од ренесансниот период,
ораториуми,кантати,аранжмани на национални фолклорни композиции.
Заедно со Македонската филхармонија има изведено големи вокално -
инструментални дела како "Реквием" - Ѓ. Верди, "Ревием" - В. А. Моцарт,
"Кармина Бурана" - К. Орф, "Миса Апстракта" - З. Пендерецки, "Стабат Матер"
- Перголези, Девета Симфонија- Л.В. Бетовен и други.
Како универзитетски хор, има реализирано голем број реципроцитетни
размени со други хорови од Европа, како Универзитетот во Неапол - Италија,
Универзитетот "Сорбона" во Париз - Франција, Универзитетот во Крајова -
Романија, Вроцлав - Полска, Софија - Бугарија, Ла лагуна - Тенерифе -
Канарски острови и други.
За Фолклорниот ансамбл како прв ансамбл од Македонија кој гостувал на
австралискиот цонтинент се вели дека Ансамблот го посеал семето на
македонскиот фолклор на овој цонтинент. Фолклорниот ансамбл одржал
стотици концерти во многу градови низ САД, Австралија, Канада, Шведска, Т
урција по неколку пати во Германија, Полска, Франција Австрија, Романија,
Бугарија и Грција, забележително учество на многубројни фестивали во Италија,
Шпанија, Турција, Словенија, Србија и Црна Гора и учеството на третата светска
фолклоријада во Унгарија во 2004 година. Фолклорниот ансамбл учествува на
фолклорни фестивали каде често се појавувале професионални ансамбли но
по оценка на познавачите на фолклорот во овие земји за Ансамблот “Мирче
Ацев” се вели дека во ништо не заостанува од професионалните.
Во активноста на Друштвото свое место завзема организирањето на
Меѓународниот Студентски Фолклорен Фестивал кој оваа година го одбелеува
своето 29-то издание.
Секоја година традиционално се одржува овој фестивал на кој учесници се
студентски фолклорни групи од најмалку шест странски држави, но и неколку
домашни фолклорни ансамбли.
Меѓународниот Студентски Фолклорен Фестивал е член на меѓународните
организации за фолклор ЦИОФФ, ИОВ, ИГФ, ЦИД.

Во досегашното 59 - годишното постоење на АКУД “Мирче Ацев”, членувале
над 7.000 членови, изведени се повеќе од 5.000 концерти, а неговите настапи
ги следела публика од над пет милиони луѓе.


Изданија од овој изведувач:


Хорско пеење -- ДВД

Цена: 450 ден.

повеќе детали>>


Песни и игри (ДВД)

Цена: 450 ден.

повеќе детали>>


Песни и игри (ЦД + ДВД)

Цена: 620 ден.

повеќе детали>>


Ора и песни

Цена: 620 ден.

повеќе детали>>

 
        Copyright © 2006 Mister Company