ИСПОРАКА
Информации за испораката
Во Република Македонија на сите валидни поштенски адреси без додатни ПТТ трошоци, со откупнина. (Исто како да купувате во продавница, а тоа го правите од дома).
За испраќање со ЕМС брза пошта се наплаќаат трошоци во износ од 200 денари за наредниот ден или 300 денари за истиот ден.
Во странство на сите валидни поштенски адреси во цел Свет со дополнителни трошоци за ПТТ, ЕМС или ДХЛ услуги. (Погледнете ги ПТТ, ЕМС и ДХЛ трошоците по континенти)
Ако купувате од Македонија и пратката се испраќа во Македонија или ако купувате од странство и пратката се испраќа во Македонија со нормална пошта НЕМАТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ.
Исто така можеме да извршиме испорака и со брза пошта ЕМС со транзитно време од 7-12 дена или брза пошта ДХЛ транзитно време од 1-2 работни дена на Ваша адреса во Европа, и за 3-4 работни дена во Австралија, Америка, Азија.
Трошоците за испраќање со нормална пошта, ЕМС и ДХЛ погледнете ги во наредните табели.
Ценовник за ПТТ нормална пошта.
Количина ЦД или ДВД |
Европа |
САД, Канада |
Азија, Австралија |
1-2 парч. (100-200 гр) |
8 $ |
10 $ |
12 $ |
3-4 парч. (300-400 гр) |
10 $ |
15 $ |
20 $ |
5-9 парч. (500-900 гр) |
15 $ |
20 $ |
25 $ |
10-20 парч(1.000-2.000 гр) |
25 $ |
30 $ |
40 $ |
Ценовник за ЕМС брза пошта.
Количина ЦД или ДВД |
Европа |
САД, Канада |
Азија, Австралија |
1-2 парч. (100-200 гр) |
35 $ |
40 $ |
40 $ |
3-4 парч. (300-400 гр) |
40 $ |
45 $ |
45 $ |
5-9 парч. (500-900 гр) |
45 $ |
60 $ |
65 $ |
10-20 парч(1.000-2.000 гр) |
50 $ |
70 $ |
85 $ |
Ценовник за ДХЛ брза пошта.
Количина ЦД или ДВД |
Европа |
САД, Канада |
Азија, Австралија |
1-4 парч. (100-500 гр) |
85 $ |
90 $ |
100 $ |
5-9 парч. (500-1.000 гр) |
100 $ |
105 $ |
115 $ |
10-14 парч.(1.000-1.500) гр) |
120 $ |
125 $ |
135 $ |
15-20 парч.(1.500-2.000 гр) |
130 $ |
135 $ |
150 $ |
Напомена:
Некои од производите се достапни за испорака само во Република Македонија, додека за надвор од Република Македонија не сме во можност да ги испорачаме.
Мистер Компани има склучено договори за дистрибуција со странските партнери само за Република Македонија.
Поради тоа не сме во можност да ги испорачаме во странство. На страницата од производот може да погледнете дали е тој достапен за надвор од Македонија.
Но доколку сакате да подарите или изненатите некого во Република Македонија, а се наоѓате далеку, без никаков проблем може да испратиме било кој производ на сите валидни адреси во Република Македонија.
Време на испорака
Нашата onlajn продавница врши испорака на која било валидна адреса во Македонија и во странство од понеделник до сабота. Доколку нарачката е направена до полноќ (00:00 часот) по македонско време, ќе биде доставена во рок од 2-3 работни дена.
Сите нарачки направени во сабота и недела ќе бидат испратени најрано во вторник, а најдоцна во среда.
Денови во кои не вршиме испорака се националните празници во Македонија и тоа:
Нова година (1-ви и 2-ри Јануари)
Божиќ ( 7-ми Јануари)
Велигден ( во зависност од православниот календар)
Ден на трудот (1-ви и 2-ри Мај)
Илинден (2-ри Август)
Ден на Републиката (8-ми Септември)
Ден на востанието (11-ти Октомври)
Потврда на нарачката
Добивате две електронски пораки.
Првата како потврда дека нарачката е примена и втората дека пратката е испратена.
Проблеми при нарачување
Во некои случаи различни фактори можат да го спречат навременото испраќање. Тоа можат да бидат: неточни или некомплетни податоци за адресата на примачот, примачот или друг член на семејството да не се достапни на наведената адреса или други непредвидливи фактори кои се надвор од нашата моќ. Ви препорачуваме да ги внесете податоците за примачот целосно и што е можно поточно, за да овозможиме навремено испраќање на пратката.
Во случај на нецелосни податоци или ако примачот не е достапен, ќе контактираме со вас преку електронска пошта. Истиот производ може да биде испратен и по втор пат, но со некоја нова нарачка која би ви ги смалила додатни трошоци за поштарина.
Ако испораката е неуспешна и по втор пат, ќе сметаме дека нашите обврски кон вас се исполнети, и парите за неуспешната нарачка нема да ви бидат вратени.
Доколку имате прашања во врска со статусот на вашата нарачка и ви е потребен брз одговор контактирајте не. |